Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Од:

Врховниот суд на Република Македонија денеска треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година.

Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука. Тој во вчерашната изјава посочи дека предметот е во судот помалку време отколку што беше во Обвинителството и дека одлука најверојатно ќе има денеска.

Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.

Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР. Тие според обвинението се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Би можело да ве интересира

Џемали Саити е определен за в.д. претседател на Врховен суд

А1он

Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд

Вишото јавно обвинителство до Врховен поднесе жалба за повторување на постапката за тешка сообраќајка

Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети

Катерина Ѓуровски

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Општите седници на Врховниот суд ќе бидат јавни