Врховен суд: Немаме надлежност во организацијата на судењето за „Дива населба“

Од:

Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за предметот „Дива населба“.

– Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за предметот „Дива населба“ кое се одржува во свечената сала на судот. Салата е дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од шест месеци, со одлука на Владата на Република Македонија, се вели во денешното соопштение.

Од Врховен ги упатуват новинарите за сите прашања и нејаснотии да се обратат до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во соопштението се додава дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.

Од скопскиот Кривичен суд пак преку соопштение информираа дека  по добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ и на 27-ми овој месец во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно било зошто Врховниот суд не го испочитувал договореното.

Во салата на Врховниот суд денеска влегоа обвинетите и обвинителите во процесот, додека адвокатите и јавноста останаа надвор.

Би можело да ве интересира

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Адеми останува на функција: Не помина барањето на Миљазим Мустафа за разрешување на претседателката на Врховен

Александар Тодески

Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Александар Тодески

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески