Времето утре: Сончево со мала облачност

Од:

Времето утре ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.

Би можело да ве интересира

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Според ММФ инфлацијата е двојно поголема од пресметките на СДСМ

Орце Костов

Облачно и посвежо, со дожд и грмежи попладне

Жарко Настоски

Метеоролози: Светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега

Татјана Ташкова

Облачно со повремен дожд и ветер

Утре студено време со северен ветер