Времето утре ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.