Времето сончево со слаб ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето претпладне претежно облачно и тивко, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразено воздушно струење по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 530 луѓе побарале медицинска помош по затемнувањето на сонцето во Шпанија

(ВИДЕО) Европа повторно во сенка – започна целосното помрачување на Сонцето по повеќе од 20 години

Небесен феномен ќе биде видлив и од Македонија: Еве кога точно почнува и што треба да знаете

Предраг Петровиќ

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Сончево и топло, со температури до 37 степени