Небесен феномен ќе биде видлив и од Македонија: Еве кога точно почнува и што треба да знаете

Од:

Небесен феномен ќе биде видлив и од Македонија: Еве кога точно почнува и што треба да знаете

Во Македонија во среда, 12 август, ќе може да се набљудува делумно затемнување на Сонцето, непосредно пред неговото заоѓање.

Станува збор за целосно затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо како такво во одредени делови од светот, додека од Македонија ќе може да се набљудува само делумна фаза.

Во Скопје затемнувањето ќе започне во 19:29 часот, а својот максимум ќе го достигне околу 19:36 часот. Сонцето ќе зајде околу 19:39 часот, додека затемнувањето сè уште е во тек, поради што целиот феномен нема да може да се проследи од главниот град.

Видливиот дел од затемнувањето во Скопје ќе трае само околу девет минути. Во моментот на максимумот, Месечината ќе покрие околу 5 проценти од површината на сончевиот диск.

Времето на почетокот и видливоста ќе се разликуваат во зависност од местото во Македонија. Во Куманово затемнувањето ќе започне околу 19:29 часот, а максимумот ќе биде околу 19:35 часот. Во Охрид почетокот се очекува околу 19:31, а максимумот околу 19:36 часот, додека во Битола затемнувањето ќе започне околу 19:31, а максимумот ќе биде околу 19:34 часот.

Бидејќи Сонцето во тој период ќе биде многу ниско над хоризонтот, за набљудување на феноменот ќе биде потребен отворен поглед кон западниот хоризонт, без згради, дрвја, планини или други пречки.

Затемнувањето на 12 август ќе биде целосно во делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, додека во голем дел од Европа ќе биде видливо како делумно.

Сонцето никогаш не треба да се гледа директно без соодветна заштита за очите. Обичните очила за сонце не обезбедуваат доволна заштита.

За директно набљудување на затемнувањето треба да се користат специјални очила со соларен филтер. Исто така, Сонцето не треба да се набљудува преку двоглед, телескоп или објектив на фотоапарат без соодветен соларен филтер.

За жителите на Скопје најважниот период ќе биде од 19:29 до околу 19:39 часот, а најголемото затемнување ќе се забележи околу 19:36 часот.

Би можело да ве интересира

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пронајдено момче во Беринговото Море – речиси три дена пловел на превртен чамец

Бој Џорџ предизвика хаос со про-израелска песна: „Постојано чувствувам анксиозност, животот ми се промени од корен“