Времето денеска ќе биде претежно облачно

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег.

Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Денеска променливо облачно со повремен локален дожд