Времениот престој на поплавените продолжен до 1 април

Од:

Владата на седница донесе одлука до 1 април да се продолжи рокот за времениот престој на лицата од поплавените подрачја во Државниот студентски дом „Томе Стефановски-Сениќ” и Центарот за образование и рехабилитација на деца со оштетен слух „Партенија Зоографски”.

Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, кој рече дека не значи дека тој рок е конечен, туку во зависност од условите за враќање може да се продолжи.

– Од увидот на екипите на Центарот за социјална работа на Град Скопје и Гази Баба кај некои веќе се создадени услови и се уште ги користат просториите на Сениќ. Уште еднаш ќе отидам на терен со директорот на Центарот за социјална работа за да провериме ако постојат услови да не се злоупотребуваат институциите и луѓето да се вратат на своите места. Да дозволиме тие средства да се пренасочат онаку каде е потребно, додаде Ибрахими, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новата занимална (доградба) во објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он