Времен сообраќаен режим на улицата „ Александар Урдаревски“

Од:

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населеното место Кучевишка Бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Како што информира ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација. Асфалтирањето ќе се одвива утре, од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока и в сабота, во истиот временски период на другата спротивна насока.

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата