Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Од:

Поради градежни активности утре од шест часот до задутре целосно ќе биде затворен за сообраќај булевар „Партизански одреди“, од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), поради што автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите.

Јавното сообраќјно претпријатие Скопје соопшти дека времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24. Во правец од Центар кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса. Во обратен правец сообраќањето ќе биде по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А, пак, во правец кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“ по булевар „8 Септември“, булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса. Во обратен правец, исто така, по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна односно крајна постојка.

Воедно,лЛиниите: 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Никола Парапунов“ (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди“ и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска“, при што Терминалот Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица. Во обратната насока ќе тргнуваат од Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски