ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Од:

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама, велат од ВРЕДИ.

– Тие кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар.

Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја даде САД ставајќи го Артан Груби, на црните листи за корупција и крадење, тој повторно смислува „нова идеја“ и бара „скенер за политичари“, додека неговиот „скенер“ е самиот Артан, кој е нон грата!

Но, ако направиме „скенер на моралот“ на оваа коалиција со селотејп, резултатите се шокантни:

Таравари за Али: „ментално болен“, „подобро со ѓаволот отколку со ДУИ“.

Зијадин Села за Али: „криминалец“, „на 27 април се обиде да ме убие“.

Али Ахмети за нив: “Ништожници“.

Ова е „заветот“ што сакаат да им го продадат на Албанците, сојуз од навреди, омраза и лични интереси. Коалиција што се држи заедно не по принципи, туку со селотејп.

И ако беа „скенирани“ за крадци, Али Ахмети и неговото семејство би влегле во Гинисовата книга на рекорди како рекордери за грабеж и богатење на грбот на Албанците, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“