ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Од:

Од коалицијата ВРЕДИ велат дека почнала реализиацијата на планот за создавање албанска Академија на науки и уметности. Во Тетово денеска градначалниците од оваа долација се сретнаа со албански академици. Повод за денешната средба е динамизирање на реализацијата на научниот проект на Коалицијата ВРЕДИ за формирање на Албанската Академија информираат од ВРЕДИ.

– Во таа насока, градоначалниците на коалицијата ВРЕДИ заедно со претседателите на општинските совети и почитуваните Академици, во Тетово одржавме работна средба на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците. Неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба, а не се случуваат веќе 57 години. Овој исклучиво научен проект на ВРЕДИ нема за цел да предизвикува етнички тензии ниту паралелизам во државната образовна номенклатура, туку да изградиме уште една научна установа која ќе ја обедини автентичната Албанска мисла во заеднички и рамномерен општествен развој.

Овој проект ја рефлектира нашата визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста. Академијата, со седиште во Тетово, ќе создаде нови можности за албанските истражувачи и уметници да придонесуваат со квалитетни истражувања и да го зачуваат нашето културно наследство.

Убедени сме дека оваа иницијатива ќе биде поттик за квалитетно образование и развој на една силна интелектуална заедница.

Првите чекори за финансирање на Академијата веќе се преземени со помош на општините со кои раководат кадри на ВРЕДИ, кои го поддржуваат овој проект и придонесуваат за создавање на потребната инфраструктура за идните истражувања и развој.

Силно веруваме дека Албанската академија за наука и уметност ќе одигра клучна улога во зајакнувањето на нашиот национален идентитет и во зголемувањето на нашиот меѓународен придонес во областа на науката и уметноста.

Како коалиција ВРЕДИ, покажавме дека сме тука за да донесеме реални промени и реформи. Преку овој проект, не создаваме само нова институција, туку и нова иднина за сите млади интелектуалци Албанци.

Нашата посветеност како коалиција ВРЕДИ е максимална, и заедно ќе го туркаме овој проект напред со сериозноста што ја заслужува. Ова е важен чекор кон иднина каде науката, уметноста и слободната мисла ќе бидат столбови на нашиот национален развој, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

„ВРЕДИ“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe – Блаце, но донесе само лаги

А1он

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ВРЕДИ: Од “Пациент“ до милионски тендери, мрачното досие на Бујар Османи