ВРЕДИ: Најостро ги осудуваме сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите

Од:

„Коалицијата ВРЕДИ најостро ги осудува сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите, независно од нивните убедувања или критики што ги упатуваат.
Во таа насока, изразуваме посебна загриженост за случајот со новинарот Мефаил Исмаили од порталот „ORA24.tv“, кој во последно време е мета на навредливи и заканувачки коментари на социјалните мрежи“ соопштија попладнево од Коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат „Ја поддржуваме реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и упатуваме повик до надлежните институции да постапат по секој случај во кој слободата на изразување е доведена во прашање“.

„ВРЕДИ смета дека заштитата на слободата на говор е еден од темелите на доброто владеење и изградбата на демократска држава, во која дебатата се води со аргументи, а не со страв и вербално насилство. Затоа, упатуваме повик до сите државни институции, како и до политичките партии, да реагираат одговорно и да придонесат за создавање безбедна средина за медиумите и за секој граѓанин кој слободно го изразува своето мислење“ е ставот на Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“