ВРЕДИ му порача на Груби да не ги срами Албанците и да не ги користи како штит за криминалите

Од:

Веќе разбиениот европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, немаaт кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на Албанскиот народ, велат од ВРЕДИ.

– Сенката на Али Ахмети, Артан Груби – оваа лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата побегна. Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела! Коалицијата ВЛЕН одамна предупредува дека нон грата партијата ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби. ДУИ не може да се повикува на заштита на знамето, јазикот и Албанците – бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика се вистинското лице на криминалот и корупцијата. Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат.

Коалицијата ВЛЕН е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од коалицијата ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН