ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

Од:

ВРЕДИ потсетува на две неспорни вистини кои граѓаните веќе ги гледаат: Прво, Бујар Османи имал средба со бегалецот Никола Груевски. Познати се и местото и времето на таа средба, како и темата на разговорот. Второ, нападите што деновиве ги упатуваат кон ВРЕДИ и кон нашите лидери се лага и се ништо друго освен паника, бидејќи очекуваа дека нивната соработка со Груевски и Мијалков ќе остане тајна и без докази“ соопштија попладнево од Коалицијата.

Од ВРЕДИ велат дека реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори. Ја разбираме нервозата во ДУИ, но лагите на Бујар не се правдаат со нови лаги“.

Албанците бараат одговор која е вистинска причина за средбите на Бујар со Груевски во Будимпешта? Еве им две опции за заокружување: опција А) Бујар му ветил дека ќе го врати во Македонија, и опција Б) Бујар му барал помош и му рекол дека ако победи во Чаир ќе го симне Али Ахмети од тронот во ДУИ. Бујар Османи не е жртва на туѓи игри, тој е свесен и активен учесник во тие договори. Тој е човекот кој со години го одржуваше системот на Али Ахмети, кој беше министер на Груевски, кој им овозможи на Груевски и Мијалков да ја контролираат државата и да изградат финансиска империја“ велат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН