Вреди: ДУИ остана сам, дури и СДСМ се покаја за измените на Кривичниот законик

Од:

Скандалите и корупцијата инсталирани од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините сателити го поткопаа довербата во судството, го попречија економскиот развој и социјалниот напредок велат од коалицијата ВРЕДИ.

– Забелешките и недостатоците евидентирани од Европската комисија во нејзиниот последен извештај јасно покажуваат како претходниот режим ја спроведувал власта со нечесни и незаконски методи. Интервенциите на ДУИ во судскиот систем беа неприфатливи. Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд, само затоа што таа одби да го помилува и да го врати Никола Груевски во Македонија како херој.

Овие постапки длабоко го потресоа јавното мислење. Исто така, претходната гарнитура го смени Кривичниот законик за да ги намали и застаре казните на поранешните функционери, чин кој беше презентиран од ДУИ како усогласување со европските стандарди.

Ова беше уште еден обид за измама на граѓаните и за заштита на нивните лични интереси на штета на правдата и транспарентноста. Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја призна грешката, дали истото ќе го направи и Али Ахмети?

Спротивно на горенаведеното, коалицијата ВЛЕН е посветена на следење на чист и чесен пат. Се потпираме на поддршката од граѓаните за да изградиме подобра иднина за нашата земја.Преку функционери избрани без коруптивни дамки, демонстрираме европско однесување и транспарентност во нашите постапки, се вели во соопштението од Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени