ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

Од:

На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВРЕДИ. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна.

Протестот заврши, но маските повторно паднаа. Колку и да врескаат, вистината е една.

Студентите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, можност што досега не постоеше. ВЛЕН му пристапи на овој проблем сериозно и суштински. Затоа решението нема да застане само кај правосудниот испит. Сите професионални испити ќе може да се полагаат и на албански јазик.

Кога ВРЕДИ ќе земе проблем во свои раце, тој не останува во фиока. Се реши прашањето со професионалните медицински испити. Воспитувачките во градинките го добија своето право. Медресата доби достоинствено решение. Казината се тргаат од местата каде што не им е местото. Така се работи кога има волја. Проблемите што ДУИ со години ги држеше заглавени, ВРЕДИ ги затвора еден по еден.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

Шасивари: Законските решенија за полагање на правосудниот испит ќе бидат усогласени со највисоките европски правни стандарди