Вреди: Да не излезе дека луѓе блиски до Груби биле вмешани во аеродромскиот инцидент

Од:

ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово реагираат од коалицијата Вреди.

– Ноторен факт е дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ не се воздржуваше да покаже незадоволство кон Косовските Државни функционери затоа што не ја добија нивната политичка поддршка. Не случајно вчера напоменавме дека нема да бидеме зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г., познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент.

Бидејќи ДУИ испраќа панични соопштенија, а ние не сакаме да ја попречиме истрагата, денес ќе поставиме две прашања до опозициската ДУИ:

Кој вработен на аеродромот, кој објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. се појавил на лице место на инцидентот и со кои намери и причини?

Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во обид да креирате тензии за да ги направите Албанците заложници за да се спасите од правосудна одговорност, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик