Врамување на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето

Од:

Вчера во Народниот театар – Битола, во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Тера телевизија, се одржа ТВ-дебата на тема „Врамување на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во Известувањето“ и како медиумите известуваа за локалните избори.

На дебатата се презентираа анализи на медиумското врамување на политичките учесници на скоро завршените локални избори, можни излезни решенија за надминување на состојбата и разгледување на можностите на новиот предлог- закон за медиуми,како и почитувањето на етничките правила во вршење на новинарската професија.

Дебатата ја отвори Жанета Трајковска, директор на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, а во својство на водители на дебатата беа Александар Чомовски, новинар, и Љубица Мангоска, директорка на ТВ Тера – Битола.

Дебатата беше поделена во два дела.Во првиод дел се дискутираше за политичката и етничката пристрасност во известувањето. Како воведничар во првиот дел беше Игор Мицевски, предавач на Високата школа,а како панелисти учество зедоа и Коле Чашуле, уредник на ТВ Алфа, Фатос Муслиу,уредник на МРТ2, Горан Илиќ, универзитетски професор, Љубомир Јакимовски, универзитетски професор и Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Вториот дел од дебатата беше на тема; „Како да се надмине пристрасноста,што нуди новиот закон за медиуми,а што етничките правила“.

Воведничар беше Снежана Трпевска, професор на Високата школа, со свое излагање за демократските цели на регулацијата во новиот нацрт закон за медиуми, а како панелисти и во вторијот дел се вкучија истите дискутанти од првиот панел на дебатата.

„Намерата на овој закон е да плаши, да го плаши новинарот,овој закон е плашило… нас нè прашуваат како да го намалиме притисокот. Во новиот закон нека воведат став дека лидер на политичка партија не може да е сопственик на медиум“, дел од излагањето на Насер Селмани во делот околу новиот закон за медиуми.

На дебатата учестуваа,покрај наведените воведничари и панелисти, и претставници на невладиниот сектор, новинари, експерти, претставници на меѓународната заедница и студенти од Високата Школа за новинарство и односи со јавноста.

Оваа дебата е дел од проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетнички прашања во текот на предизборниот период“ ,кој го организира Високата Школа за новинарство и односи со јавност со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Амбасадата на Холандија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола