Врачување на државната награда „11 Октомври“

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Годинашни добитници на наградата за животно дело во областа на науката и образованието се пулмологот-алерголог д-р Дејан Докиќ и историчарот проф. д-р Зоран Тодоровски.

Музичарот, педагог и диригент Рамадан Шукри, народниот уметник Вања Лазарова-Димитрова и писателката и академик Катица Ќулавкова се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Одлуката ја донесе Одбор за доделување на наградата под претседателство на академик Митко Маџунков.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска