Вработувања, дипломи, заеднички туризам-десет мерки договорени од Заев, Вучиќ и Рама

Од:

Регионалните лидери во Охрид постигнаа договор за „малиот Шенген“, односно се согласија за конкретни мерки што ќе придонесат за развој и раст на трите земји, како и на другите земји од Западен Балкан.

Конкретните мерки опфаќаат:

– Патување на државјани на Србија, Северна Македонија и Албанија на територијата на трите земји со лична карта, по се изгледа од крајот на годината;

– Малиот Шенген отвора можност странците да патуваат во земјите на иницијативата без дополнителни визи. Ова ќе го зголеми бројот на странски туристи и ќе овозможи воспоставување на заеднички туристички понуди и дестинации;

– Заеднички дозволи за работа и признавање на квалификации и дипломи, без дополнителни постапки, што ќе обезбеди можност за движење на работната сила, а тоа ќе ја зголеми достапноста на работната сила и со тоа привлечноста на целиот регион за странските инвеститори;

– Студентска размена;

– Заеднички проекти за истражување и развој;

– Воведување 24-часовно работно време за сите гранични инспекциски служби, со фокус на фитосанитарна и ветеринарна инспекција, со што ќе се скрати времето на чекање за товарните стоки и слободното движење на стоки ќе има повеќе ефекти и ќе ја зголеми конкурентноста на целиот регион со околу 12 милиони жители;

– Унифициран „пакет“ на документација потребен за транзит на стока, со акцент на воведување на систем со што е малку „хартија“ кој би бил конзистентен со стратегијата за дигитален развој;

– Измени на законите од областа на пазарот на капитал, даночниот и финансискиот систем во сите три земји, со цел да се создадат услови за непречен проток на капитал;

– Натамошно зајакнување на прекуграничната соработка во областа на борбата против транснационалниот криминал и тероризмот, преку соработка во областа на миграцијата и помош во вонредни ситуации;

– Дефинирање на сопствени правила во многу области, со цел да се подобри привлечноста на трите земји и соработката, и на тој начин оваа иницијатива може да стане најважната политичка иницијатива во 21 век.

Ова е дел од мерките што ќе бидат дефинирани точно во Акциониот план, до следната иницијатива за состаноци во Драч, Албанија, на крајот на декември.

Иницијативата е отворена за сите земји во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Русите се согласија да го продадат својот удел во НИС

Горан Наумовски

Три опции се во „игра“ за судбината на Нафтената индустрија на Србија

Снегот предизвика хаос низ цела Србија, дел од патишта покриени со снег

Горан Наумовски