Охрид: Протест на вработените во ЕМО

Од:

Дел од останатите вработени во некогашниот охридски гигант „ЕМО“ денеска протестираа пред седиштето на Општина Охрид. Никој во државата не сака да ги сослуша околу неисплатените плати, нерешен статус на фирмата, немање здравствено осигурување и уште многу други проблеми кои ги засегаат над 200 вработени. Тие бараа од градоначалникот Бакрачески, како прв човек на нивниот град да ги слушне нивните проблеми и да помогне во решавањето на истите.

Позитивно е тоа што конечно со некоја од институциите надлежни за решавање на проблемите на овие вработени во ЕМО и истовремено граѓани на Охрид. На средбата со Локалната самоуправа, на која беше присутен секретарот Спасески ги изнесовме сите проблеми во АД ЕМО – Охрид. Дел од проблемите се неисплатени преку триесет до четириесет плати, немање предмет на работа во претпријатието, нерешен статус на претпријатието и немање здравствени картони на вработените со години наназад што е дополнителен проблем во услови кога не се земаат плати, а треба да се плаќаат здравствените услуги – рече претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија, Пеце Ристевски.

Градоначалникот Бакрачески не беше во можност да ги прими вработените во АД ЕМО – Охрид, бидејќи повторно е на службено патување, а во негово име вработените средба остварија со секретарот на Општината, Димитар Спасески. Спасески, вината за нерешениот статус ја префрли кон централната власт и потенцираше дека Општина Охрид нема надлежност во решавање на на проблемот со ЕМО.

emoProtest (1)

Она што ние ги уверивме луѓето е дека градоначалникот Бакрачески постојано и континуирано се залага за решавање на статусот на ЕМО и во тесна соработка на Владата на Република Македонија постојано се работи не решение кое што би овозможило ЕМО да излезе од тешката ситуација во која се наоѓа. Иако Општина Охрид нема директна надлежност во решавање на статусот на ЕМО како фирма, ниту во процесот на продажба ниту во процесот на рестартирање на производството, она што е наша грижа се вработените во ЕМО како граѓани на Општина Охрид. Од тие причини, ние како Општина Охрид исто така како и вработените апсолутно сме заинтересирани како ќе оди понатака процесот со рестартирање на ЕМО. Од денешната средба, се разбира дека ќе ги известиме надлежните министерства, ќе ја известиме Владата и заедно ќе очекуваме да се најде соодветно решение за ЕМО од оние институции кои што се надлежни – рече секретарот Спасески по средбата.

Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристески потенцираше дека уште пред да побараат средба со градоначалникот Бакрачески, знаеле дека Локалната самоуправа нема надлежност во решавање на проблемот со ЕМО, меѓутоа дека локалната и централната власт се од иста политичка партија полесно би можело да се изнајде решението.

Уште пред да бараме средба, знаевме дека Локалната самоуправа нема надлежност меѓутоа имајќи во предвид дека овие луѓе се жители на град Охрид, а Локалната самоуправа има обврски да се грижи за подобар живот на своите граѓани оттука произлегува и нивната обврска ова прашање да го подигнат на едно повисоко ниво. Имајќи во предвид дека и централната и локалната власт се од иста политичка опција, сметаме дека полесно ќе оди анимирањето на овие проблеми пред надлежните институции од централната власт кои треба да ги решаваат – додаде Ристевски.

Тие очекуваат во рок од една недела да добијат повратна информација за денешната средба и исто така очекуваат одговорот за биде позитивен за нивните барања.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион