Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

Од:

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска повторно протестираа од 10 до 12 часот на крстосницата пред ова јавно претпријатие. Тие веќе 14 дена немаат плата за септември, а не им се исплаќа и јубилејна награда, регрес за годишен одмор, отпремнина пред одење во пензија и новогодишен додаток. Најавуваат дека протестот ќе трае секој ден, од 9 до 11 часот, на истата локација.

Протестот е во организација на гранскиот Независен синдикат на државна администарција, каде членува синдикалната организација на Синдикатот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

– Вработените имаат и прекувремена работа и имаат право и на бонус плата. И тоа не се исплаќа. Ние како грански синдикат им посочивме на начинот и постапките за реализирање во услови на протест и на штрајк. Синдикалната организација има штрајкувачки одбор, која прогласи штрајк и го стави во мирување согласно закон за мирно решавање на работни спорови. Дадовме можност 10 дена да почне мировниот процес, но од другата страна, од градоначалник, директор и претседател на Управен одбор при „Паркови и зеленило“ немаме контакт, немаме линк, изгледа не сакаат да комуницираат со нас и да го решиме проблемот, изјави за МИА Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администарција, каде членува синдикалната организација на Синдикатот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Појасни дека согласно Колективниот договор, вчера поднеле известување до ЈП „Паркови и зеленило“, до директорот и УО и предложиле тројца членови и тројца нивни заменици како членови на мировниот совет. Дадовме рок од пет дена, како што покасни, да се состави со решение мировниот совет и да одлучи за проблемите што се настанати.

– Од понеделник ќе почнеме и други начини на протестирање или штрајк, сепак за тоа ќе одлучи штрајкувачкиот одбор. Ние и понатаму, се додека не се земе плата, ќе протестираме секој ден. Од утре почнуваме два часа, од 9 до 11 часот, само една сообраќајница со цел Град Скопје и граѓаните да функционираат. Сепак, граѓаните платиле преку сметките за струја, даноци и сл. платиле да функционира градот. И ние сме граѓани и не сакаме да бидеме дополнителен товар на граѓаните на Град Скопје и само една крстосница блокираме и во одредено време. Ние можеме и други, но, сепак оставаме да функционира градот, посочи Ристески. ЈП „Паркови и зеленило“ е основано од Град Скопје и дава услуга, не прави профит и затоа, како што рече, бараме Град Скопје да пушти плата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Вработените од Флораком и Луна ја блокираа „Илинденска“, си ги бараат неисплатените плати

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа