Вработените на ЈСП најавуваат прекин на работа

Од:

Автобусите на ЈСП низ Скопје може да запрат. Доцни платата за септември. Сидикатот ги предупреди градоначалничката Данела Арсовска и раководството на претпријатието дека денеска во 14 часто е последиот рок да ги добијат платите и придонесите. Автобусите во текот на утрешниот ден нема да излезат на улиците на главниот град на Македонија доколку не се исполни нивното барање.

По најавите од Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје, дека возачите и тие во одржување ќе штрајкуваат доколку не ја земат септемвриската плата, од претпријатието уверуваат дека во следните денови ќе ја добијат заслужената плата.

„Нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз. Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници. Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и констатниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред“ додаваат од ЈСП.

Би можело да ве интересира

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП вози со половина од капацитетот: автобусите се стари, бројот на патници драстично намален

Катерина Ѓуровски

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации