Вработени во „Национални шуми“ останаа без здравствено осигурување, не примиле плата за февруари

Од:

Вработени од ЈП  „Национални шуми“ останаа без здравствено осигурување. На социјалните мрежи тие објавија документ на кој се гледа дека вработен во оваа јавно претпријатие е исклучен од здравствениот систем.

Во објавата вработените ги повикаа надлежните да кажат зошто во време на кризата со коронавирусот околу 2500 вработени ги остава без право на државно лекување, иако, како што велат, претпријатието има доволно средства за плати и за придонеси.

Вработените со кои контактираше „А1он“ не сакаа да зборуваат јавно за состојбата со исплатата на платите, затоа што се плашат да не ги изгубат работните места.

Од претпријатието, пак велат дека вработените се исклучени од здравственото осигурување затоа што платата за февруари доцнела поради новонастаната состојба со коронавирусот.

Оттаму велат дека до крајот на неделата ќе има бидат исплатени бруто плати на над 2.300 редовно вработени и околу 200 работници ангажирани по договор, во сите 30 подружници на претпријатието.

„Сакам да нагласам дека во ‘Национални шуми’ платите се исплаќаат редовно и тоа во бруто износ, како што е по законот. Имаме мал проблем за исплата на февруарската плата, поради намалената наплата од страна на компаниите со кои соработуваме, а тие средства се нашите главни приходи, бидејќи сме на самофинансирање. Не сакавме да пуштиме ниту нето, ниту минималец, а ја немаме ниту таа законска можност. Затоа сакам да ги информирам вработените дека смогнавме сили и февруарската плата ќе им легне во целост до крајот на неделата. Со исплатата на февруарската плата, вработените ќе бидат здравствено покриени за месеците март и април, така што нема потреба да стравуваат дека ќе останат без право на лекување“ ,информираат за „А1он“ од дирекцијата на јавното претпријатие.

Инаку, како што информираат од ЈП „Национални шуми“, претпријатието работи со редуциран број работници поради коронавирусот, а тие што се на работните места се придржуават кон препораките за превенција од вирусот. Од ова претпријатие има тројца заболени од коронавирусот, а 59 лица се во самоизолација, откако биле во контакт со заразаените.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците