Вработени во бифето на МВР кои служеле пијалоци на вработените заразени со коронавирус

Од:

Двајца вработени во бифето во Министерството за внатрешни работи се позитивни на коронавирусот, дознава „А1он“. Тие последен пат на работа биле во петокот, велат вработени во МВР. Станува збор за лица кои правеле кафиња и служеле пијалаци на дел од вработените во зградата. Бифето во кое работеле е лоцирано на четвртиот кат во зграда на МВР, каде се наоѓа и канцеларијата на советникот на Наќе Чулев, за кого министерот во средата соопшти дека е заразен со вирусот.

Вработените во бифето имале и контакти со лица кои биле на раководни позиции во МВР, велат извори за „А1он“. Засега, нема информација како и дали се заразиле додека биле на работното место, како и, дали биле во контакт со советникот на Чулев додека тој одел на работа.

Со новите дијагностицирани во МВР, бројот на заразени во рамки на министерството се искачи на 41 вработен. Поради контакт со заболено лице, претходно, 170 вработени во министерството добиле решенија за изолација.

Во четвртокот пак, беа дијагностицирани четворица припадници на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за еден вработен во Одделот за обезбедување на објекти и личности, двајца во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ и еден во Регионалниот центар за гранични работи Север.

Засега нема информација дали претходно заразените кои работат во централата на МВР, советникот на Чулев и вработените во бифето имале меѓусебен контакт.

„А1он“ се обиде да го исконтактира техничкиот министер Наќе Чулев за овие прашања, но тој не одговори на телефонските повици. Одговори за контактите на вработените во бифето очекуваме и од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници