Вработена во „Охис“ доживеа инфаркт за време на протестот

Од:

Жена, вработена во Охис доживеа инфarkт додека траеше протестот на работниците. Жената заврши во болница, информира „24 Вести“.

Работничката, велат, без сини картони го поминала болничкиот преглед, што е само потврда дека судбината на овие луѓе што денеска протестираа е во немилост на сопственикот – државата, која им должи 16 плати, не се плаќаат ниту придонеси, а фирмата тоне во милионски загуби.

Вработените од загубарот Охис молат за една или две плати за да можат и тие со нивните семејства да ги поминат новогодишните и божиќните празници.

Тие денеска го блокираа центарот на Скопје и со протест го побараа своите права и решавање на проблемот пред Собранието.

Денеска протестираа пред законодавниот дом.

Владата не прифаќа средба со претставниците на Охис , а нема одговор за средба и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Им било понудена само средба со претставници на политичките партии која вработените во Охис не ја прифаќаат бидејќи не гледаат решенија во таквата средба.

Досега нема ниту една компанија која е заитересирана за нов газда на хемискиот загубар.

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека безрезервно ги поддржува барањата на вработените во ОХИС. Прашањето за можните решенија за вработените во ОХИС и во останатите загубари, според Советот на ССМ, ќе биде поставено на наредната седница на Економско–социјалниот совет.

Би можело да ве интересира

Нереди во Мароко: Најмалку двајца загинати и повеќе од 300 се повредени, групата „ГенЗ 212“ бара промени

Вучиќ откри: Делови од полицијата беа подготвени да учествуваат во обоената револуција – ги насочија цевките кон „Чациленд“

Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Низ цела Франција се најавени собири, на кои се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари

(ВИДЕО) Хаос во Франција: Започнаа големи протести, полицијата уапси над 200 учесници