Вработен во ЗОО алармира: Насетувам повторување на исто дело, замолувам за директор кој нема да не тера да чистиме човечки измет

Од:

Војо Иванов, ЗОО-неговател во скопската Зоолошка градина, јавно и се обрати на градоначалничката Данела Арсовска, која пред една недела го разреши директорот Кристијан Стаменов. Тој посочува дека во установата може да се повтори слично дело како колењето на коњи кои требаше да бидат храна за лавовите. Иванов посочува: „Одбивам јас да бидам во слична состојба како колегите кои сега се гонат кривично“, мислејќи на вработените кои добија пријава од МВР за умртвувањето на коњите и нивно касапење.

„Ве молам за брзо решение, доколку сте во можност, стоиме на располагање со група вработени. Не барам титула, ниту покачување,ниту некаков специјален статус во установата! Немам и сум немал такви амбиции, уживам во мојата професија З00-неговател! Направив се во последните години за да моите колеги гордо излегуваат пред публиката, ја едуцираат и мотивираат да ја сакаат природата,зивотните и насата установа! Деновиве за жал на улица ни дофрлуваат работи кои не направија да се чувствуваме мизерно, лошо…чувство не неприпадност. Фамилии од мои колеги трпат стрес и омаловажуње, се само од една штетна одлука на директор“, посочува Иванов во отвореното писмо до Арсовска.

Тој ја замолува градоначалничката да постави директор кој ќе ги остави вработените да работат со животните и додава: „А не да чистиме паркинзи и тоалети со човечки измет“.

„Директор, што на Зоолошката ќе гледа како на установа од која треба првенствено да направи дом за животните, а не луна парк и вашар. Знам дека се соочувате со технички проблеми. Можда може заеднички да дојдеме до решение. Најдете време и дојдете прва слободна прилика Можеме да јадеме заедно (од бараките -пешки сте за 10 минути кај нас). Вие и ние колегите што секој ден без оглед дали се 40 степени или -15, дали е пандемија, дали е празник или неработен ден се тамо, на Илинденска за да направат живот, за тие тамо и бар малку да им вратите надеж за враќање на прав пат“, посочи Иванов.

На крајот тој додава дека бара од идниот директор да не му се забранува да се вози со велосипед низ Зоолошката граднина, на што додава: „Многу време ми зема пешачење на 13 хектари, повеќе работа ќе завршам вака“.

Би можело да ве интересира

Жирафата Флопи починала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Се чекаат резултатите од обдукцијата за причината на смртта на жирафата Флопи

Катерина Ѓуровски

Тажна вест во Зоолошката градина: Почина сибирската тигрица Надја

Орце Костов

Credissimo со донација за ЗОО Скопје, обновени информативните таблички за животните

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Разрешениот директор на ЗОО: Не сум никаков убиец, ова било правено и во минатото

Кристијан Ландов