Возрасните лица од Кисела Вода кои не можат да се грижат за себе ќе може да се пријават за да добијат неговател

Од:

Од неодамна возрасните лица од Кисела Вода кои не можат да се грижат сами за себе и да водат независен живот во заедницата, можат да добијат негувател кој ќе им помогне во во одржување на лична хигиена, во хранење, облекување, во одржување на домаќинството, кој ќе им овозможи помош при готвење и пазарување, при движење надвор од домот, помош при користење медицинска терапија, при контрола на крвен притисок и шеќер.

За да станат корисници на оваа услуга, лицата треба дасе обратат кај својот матичен лекар, а потоа со потребната документација во месно-надлежниот Центар за социјални работи, од каде ќе биде назначено стручно лице за увид и одобрение. Потребната документација и дополнителни информации се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк.

За сите дополнителни прашања или помош при пријавувањето за користење на услугите, граѓаните можат да се обратат директно во Канцеларијата за подобрување на социјалните услуги која се наоѓа во просториите на Општина Кисела Вода или на телефоните 02/278-5481 и 070 299 026.

Социјалното претпријатие „Нега Плус-Кисела Вода“ е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој е е имплементиран од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Преку истиот, овозможувајќи валитетни социјални услуги на локално ниво, ја покажуваме грижата за оние кои се грижеле за нас, што е еден од врвните приоритети на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски