Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Од:

Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес.

Според возен ред од Железничката станица во Велес, овој воз требало да тргне во 6:27 часот.

Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти, или вработени во Скопје па имаат месечен или билет со попуст.

Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.

Инаку, утрово од Велес за Скопје тргнаа локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Би можело да ве интересира

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега