(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Од:

Скопјанец од Драчево, 28-годишен, е во притвор затоа што со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка.

Видеото на социјалните мрежи го објави мајката на детето. Таа сподели емотивна објава, на која меѓудругото пишува: „Зарем вакво детство заслужува едно дете?“.

„Без причина, само затоа што некој има болен ум и не размислува во моментот, нашол да покажува сила врз деца. Ако возрасните имаат проблеми, зошто децата да бидат виновни? Стресно е и за другите, тие се три сестрички, на возраст од 3, 4 и 9 години. Сè се случи во сабота наутро, а истата вечер тој веќе беше приведен во полициска станица, а сега е во притвор. И повторно – јас сум виновна што пријавив и што сакам да ги заштитам моите деца. Детството е најубавиот период, а некој вака им го уништува… Не смее да биде така. Детето има видливи телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе носат доживотни трауми“, напиша жената на социјалните мрежи.

Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, соопштија од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Пијан маж со чадор крвнички ја претепа сопругата

А1он

(ВИДЕО) Насилството се шири низ Ирска, полицијата нападната со молотови коктели

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

66-годишен тетовец ја истепал својата девојка, ја малтретирал, па и се заканувал

Насилник од Прилеп нападнал полицаец и му го украл пиштолот