Вознемирувачко видео: Фрапантни случаи на насилство врз животните

Од:

Човек ќе паднел во несвест од згрозеност и стрес кога во село Негорци, гевгелиско ја видел оваа грозоморна слика, на голема бремена кучка ладнокрвно обесена на дрво.

Кучка мајка на чиј лик се гледа агонија и пеколен крик.

Мртво животно кое со сите сили безполезно се обидувало да се спаси и ослободи, без да има било каква шанса.

Монструм, психопат, садист ја оснесол во шумата и обесил. Кучето го донел живо а постојат сомненија дека можеби е убиена зошто е бремена, убиена од нејзиниот сопственик, велат од здружението за заштита на животни Анима Мунди.

Како ловџиите се грижат за животните покажува ова видео, полно со садистичко уживање на две лица – еден ловџија и друго лице снимателот на делото, всушност двајца монструми, крвници, садисти. Како овие ловџии се грижеле за своето ловџиско куче говорат најмногу криците на кутрото куче на кое на живо му го сечат опашот, но и нивното смеење и уживање во кучешкото страдање и вресоци!

Видеото го имал закачено ловџија на својот фејсбук профил но набргу го тргнал видеото и деактивирал и сопствениот фејсбук профил – за среќа видеото е веднаш симнато од страна на емисијата за миленици „Пријатели“ и „Ритамот на градот“.

Анима Мунди нуди 10 000 денари за веродостојна информација и сведоштва кои ќе помогнат во судска постапка за да се фатат сторителите.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on