(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „Анима мунди“: Институциите одговорија – во нашата држава е во ред да тепаш животни

Од:

Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ не е задоволни тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство не започнала постапка за одземање на домашен миленик од жител на Велес, кој пред две недели е снимен како го удира сопственото куче. Од АХВ му наложиле на велешанецот само да го вакцинира кучето и да го микрочипира. Случајот е пријавен и во МВР, но засега нема одговор од полицијата.

– По илјадити пат јавноста сведочи на изживување врз животно и по илјадити пат институциите докажуваат неспособност, слепи и глуви пред очигледно мачење на куче. И овој пат во оваа бесправна држава кучето на приложената снимка остана во рацете на садист кој одбива да го предаде, сака да го тепа а официјалните ветеринари и полициските службеници станаа негови помошници, соучесници занемарувајќи ја константната тортура и болка на животното одлучуваат дека истото ќе остане кај него и го задолжуваат да го чипира и вакцинира што подразбира да стане негов законски сопственик, велат од „Анима мунди“.

Според здружението, лицето кое тепа куче е охрабрено од институциите да продолжи со изживувањето врз кучето.

– Институциите одлучија постапката да заврши со едукација. Треба да го микрочипира, вакцинира а тоа што е чувано во импровизирани услови со видлив деформитет на задни нозе од живот на ланец и повремено тепан очигледно не ги засега оние што треба да го заштитат животното и имплементираат законот, реагираат од „Анима мунди“.

Оттаму, прашуваат до кога ќе се замижува пред секојдневните случаи на неодговорност, мачење и малтретирање па и убивање на животни.

– Бараме од Министерството за внатрешни работи да извести јавен обвинител и да се поведе кривична постапка за мачење и малтретирање на животното. Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да престане со префрлање на одговорност, да направи исклучок и покаже способност за работа како што и доликува на една европска држава и да пристапи кон одземање на кучето од сопственикот, нагласуваат од здружението.

Би можело да ве интересира

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов

Анима Мунди: Се укажува на можноста вработени сами намерно да одлучиле да ги убијат животните во Зоолошката

(ВИДЕО) Анима Мунди: Наместо да одговара градоначалникот Костадинов, осудена активистка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

„Анима Мунди“ бара итно поништување на наредбата за еутаназија на бездомни кучиња позитивни на лајшманиоза

Ана Ололовска