(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Анима Мунди: Рутинско чистење на кучињата во Тетово

Од:

„Тетово денес. Рутинско чистење на кучињата во градот по видеo снимките појавени пред неколку дена на кои видовме група кучиња кои шетаат низ центарот на Тетово. Никој не бил крив и не одговара што толку бездомни животни има на улиците.

Никој не е крив и нема да одговара што употребил отров кој за 5 минути во најстрашни маки може да убие возрасен човек, а камо ли дете.

Видете ги, во сопствен измет и локви крв.

Никој не е крив и нема да одговара што ги фрлил на улица, веројатно товарени во комбиња, префрлани од една општина во друга.

Никој не е крив и не одговара што се води хајка врз животните – само тие се криви што се живи во Република Македонија“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите