Возило на тим на Црвениот крст излетало од патот на Водно

Од:

Возило со тим на Црвениот крст вчера излетало од патот над детското одморалиште Водно. Тимот на Црвениот крст се упатил да спаси повредено лице на патеката, кое потоа било извлечено од противпожарната бригада, соопшти МВР.

На 25.01.2020 во 15:35 часот Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст „Дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа