Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата попладнево се одвива непречено, во зимски услови, наместа по влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на планинските превои, мостовите, осојничавите места.
Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, по клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Дежурните екипи на претпријатието редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.