Возење и едукативен собир на мотоциклистите

Од:

Во рамки на „Неделата за безбедност на мотоциклистите“ денеска на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи парадно возење  и едукативен собир на мотоциклистите со сите заинтересирани граѓани, особено со младите возачи на мопеди.

На парадното дефиле ќе учествуваат мотоциклисти од  мотоциклистичките  клубови,  претставници на  спортските здруженија и сите заинтересирани граѓани на Македонија. На настанот  ќе присуствува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Целта на оваа манифестација  е   подобрување на  безбедноста на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот,  преку подигање на јавната свест за  почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на мотоциклистите  и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот, информира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Организатори на оваа манифестација, покрај РСБСП, се и Министерството за внатрешни работи, Град Скопје, Мотоциклистичката федерација на Македонија и сите партнери кои учествуваат во кампањата „Недела за безбедност на мотоциклистите“.

На плоштадот „Македонија“ ќе се делат и флаери со препораки за безбедно управување мотоцикл.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), кој ја прогласи Неделата  за безбедност на мотоциклистите, од 16 до 22 јуни, организираше повеќе активности кои беа насочени кон мотоциклистите и нивната безбедност на патиштата.

Според статистика на МВР, во 2013 година се случиле 600 соoбраќајни несреќи во кои учествувале мотоциклисти и во нив загинале 17 возачи на мотори или нивни сопатници, со тешки повреди се здобиле 128, а со лесни 354 лица. Лани во сообраќајните несреќи во Македонија имало вкупно 198 загинати лица.

Во првите три месеци од годинава имало 50 сообраќајни незгоди во кои учествувале мотоцикли, во кои загинале седум лица, 12 се тешко повредени, а 36 полесно.

– Во Македонија 10 отсто од смртноста во сите сообраќајни незгоди отпаѓа на мотоциклистите, што е во рамки на европскиот просек, иако во Европа мотоциклите повеќе се употребуваат како превозно средство отколку кај нас, вели статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според ИЈЗ, повеќе од 50 отсто од мотоциклистите не ги користат заштитните шлемови кои можат за 90 отсто да ја намалат смртноста при незгоди доколку се носат.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје