Возачот што ја усмрти новинарката Тодоровска Павловска бил под дејство на алкохол

Од:

Скопското Јавно обвинителство презема истражни мерки против осомничениот триесет и седумгодишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак кај трговскиот центар „Зебра“.

Според првичните сознанија, како што е наведено во соопштението од ЈО, добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол.

– Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис, информираат од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител извршил увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот наредил и вршење обдукција над починатото лице.

– Надлежниот обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот, стои во соопштението

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски