Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Од:

Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДС и нивните апологети креираат атмосфера на паника, тоа е планот на СДС кој пропадна вчера. Ова е фотографија од која се гледа шоферот А.Н. како е дел од најтесниот круг на Зоран Заев. Заев лаже кога вели дека А.Н. не му бил шофер, рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков покажувајчи ја фотографијата.

– Од оваа фотографија, се гледа дека токму потпалувачот на пожари е дел од кругот на Заев кога тој ги предаваше бомбите во СЈО и кога по кажувања на нему блиски се опкружил само со проверени луѓе.Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите? Венко Филипче не може да излезе од ова. Венко Филипче има само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават нему блиски лица. Доколку Венко Филипче продолжи да молчи, само ќе потврди во целост, дека тој е едно со Заев, дека ја спроведува неговата политика и неговата агенда, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ