Возачот однесен во Обвинителство, кривичната од полицијата против него е поднесена – следува одлука дали ќе се бара притвор

Од:

Поднесена е кривичната пријава од полицијата против 22-годишниот возач кој вчеравечер ја прегази младата Викторија М. на пешачки премин, а почина на лице место, дознава „А1он“. Според неофицијални извори, возачот Ј.Ѓ. кој управувал со џипот „Циторен Ц4“, исто така е пренесен во скопското Обвинителство. Таму ќе биде извршен уште еден распит од надлежниот обвинител, кој и вчера правеше увид во несреќата.

Обвинителот има две можности, до вечерва кога ќе истечат 24 часа, да го пушти возачот на слобода или од Кривичен суд да бара одредување на мерка притвор. Обвинителството засега молчи, не открива дали се исполнети законските основи за ваква мерка, но и како ќе биде постапено. „А1он“ прашањето го упати уште утринава, но тие не одговорија, туку испратија соопштение дека се проверува што точно се случило.

Во меѓувреме, второто повредено лице, кое било момче на 24-годишната радовишанка е пуштено на домашно лекување. Тој имал набиеници на карлицата, соопшти директорот на болницата каде беше прегледан. Се наоѓа во тешка психичка состојба, видно потресен поради вчерашната трагедија. Во Радовиш, сограѓаните на загинатата Викторија се шокирани од настанот. Со неверување ја примиле веста за нејзината смрт.

Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на раскрсницата. Тие ќе помогнат да се утврди, што точно се случило вчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството. Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, за да се увиди дали возел во алкохолизирана состојба или со земена дрога.

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов