Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Од:

Апелација му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев кој смртоносно ја прегази Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Од судот за „А1он“ потврдуваат дека казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната за една година, детално ќе бидат образложени во пресудата, која треба да биде јавно објавена.

„Одредени се четири години затворска казна“, велат кратко од Апелација за „А1он“.

Претходно, Кривичен суд одреди тригодишна затворска казна за возачот Јродан Ѓоргиев. Судијката Љубинка Башевска ја изрече казната по само едно рочиште, на кое обвинетиот ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шутка. Според судијката, Ѓоргиев не се придржувал на прописите за сообраќајот, не обрнал внимание на пешаците, а возел и со недозволена брзина.

Сообраќајката во која загина 24-годишната Викторија Николова, а нејзиното момче Леонид Даов беше повреден се случи на 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“. Возачот Јордан со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, удри во двајцата пешаци кои поминувале улица. Според обвинението, возачот не обрнал внимание дека семафорите се исклучени, со тоа, иако бил должен, тој не ги пропуштил пешаците.

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Семејството на покојната со плач по пресудата: Немам зборови, згрoзен сум од оваа држава

Кристијан Ландов