Возачи се движеле и над 80 километри на час на булеварот Индустриска во Тетово

Од:

Тетовската полиција вчера на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ попознат како Индустриска улица, при спроведена локална контрола санкционирала вкупно осум возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за движење. Оваа сообраќајница периодов е.актуелна поради тоа што загина дете пешак, а имаше и протести за поголема безбедност.

-На булеварот е дозволено 50 километри на час. Имало возачи кои пречекориле за над 30 километри на час од максимално дозволената брзина и нив ги очекува глоба од 300 евра но и возачи кои пречекориле до 30 километри кои треба да платат 45 евра, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот.

Полицијата вчера за поголем ред и безбедност со паркирањето, пред се, на улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово изрече над 50 мерки за непрописно, односно погрешно паркирање.

-На прекршителите им се изготвени поднесоци и зависно од прекршокот, ќе се соочат со парични глоби од 45 до 180 евра во денарска противвредност, рече Јосифоски.

Покрај ова, девет возила се подигнати од тетовската „пајак-служба“ и пренесени на наменски определената локација од тетовската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози