Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во 01:45 часот на улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани.
Како што информира денеска МВР, Н.Н. управувајќи патничко возило „Форд“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво покрај патот, а потоа во метален сообраќаен знак, по што се превртел. Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, каде починал.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани.