Возач тешко повреди двајца пешаци, па избега, полицијата го пронајде и го уапси

Од:

Вчера во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистрален пат А2 во Крива Паланка, возило „мерцедес“ управувано од Р.С.(51) од село Дурачка река, удрило во пешаците Р.С.(73) и А.Ј.(76), по што возачот со возилото го напуштил местото.

-Набргу, по преземени мерки возачот бил пронајден и лишен од слобода. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Р.С.(73), додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он