Возач сакал да гази полицајци на патот Прилеп-Битола, им ги удрил службениот мотор и колата

Од:

Возач на автомобил со бугарски таблички се обидел да удри во полициски мотор, а потоа и да бега од полицајците, вчера на патот Прилеп-Битола, соопшти МВР. Возачот потоа го оставил автомобилот и избегал, а возилото се вратило наназад и тогаш удрило во моторот и во полициски автомобил „Шкода Јети“, велат од полицијата.

На 10.05.2021 во 18.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 14.20 часот, додека полициски службеници извршувале работни задачи, патничко возило „Фолксваген Шаран“, со бугарски национални ознаки, кое се движело на магистралниот пат Прилеп – Битола се обидело да удри во мотор „бмв“, сопственост на МВР, а во близина на с.Лагово возачот го запрел возилото и избегал, додека возилото се придвижило назад и удрило во моторот „бмв“ и патничко возило „јети“, и тоа сопственост на МВР. По целосно расчистување и документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ