Возач на мопед усмртил старец и избегал, синот на жртвата пријавил во полиција по една недела

Од:

Скопјанец вчера пријавил во полиција дека на 1 март, неговиот 83-годишен татко бил удрен од мопед во населбата Кисела Вода, а возачот не застанал и избегал од местото. Пешакот следниот ден починал од последиците на несреќата.

„На 08.03.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, И.П.(50) од Скопје пријавил дека на 01.03.2021 во периодот од 14.00 часот до 15.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ неговиот татко Р.П.(83) бил удрен од мопед, кој го напуштил местото,“ се вели во полициското соопштение.

Во незгодата пешакот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а следниот ден починал.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип