Возач кој прегази пешак во тетовско и избега, доби осум дена притвор

Од:

Тетовската полиција соопшти дека 36-годишен жител на селото Пршовце е приведен како осомничен за завчерашната сообраќајна несреќа на патот Тетово-Јажинце во која загина пешак, а возилото го напуштило местото. По вчерашното приведување и задржување во полициска станица, денес судија во претходна постапка му одредил притвор од 8 дена.

– СВР Тетово го обезбеди учесникот во сообраќајната несреќа која се случи на 6 декември на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино, при што беше прегазен пешак, а возачот го напуштил местото. Станува збор за А. Б (1984), а воедно е обезбедено за вештачење возила марка Форд Ескорт со тетовски регистерски ознаки. По завршување на постапката и одредување на мерката притвор од страна на судија во претходна постапка, А.Б е спроведен во КПУ Затвор Скопје, информираа од СВР Тетово.

Сообраќајката се случила во неделата во 17.30 часот кај Слатино, а животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше. По несреќата увид изврши полицијата и Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски