Воспоставена соработка помеѓу двете центарски општини од Скопје и Сараево

Од:

Општините Центар од Скопје и од Сараево потпишаа Меморандум за намера за воспоставување соработка помеѓу овие две општини. Крајната цел на воспоставување на оваа соработка е реализација на проекти од заеднички интерес и интересите на граѓаните на двете општини во областа на економијата и локален економски развој, туризмот, културата, образованието, заштитата на животната средина и спортот.

Ова е договорено за време на посетата на делегацијата на општина Центар, предводена од градоначалникот Саша Богдановиќ на општина Центар од Сараево.

Оваа посета доаѓа во време кога високи делегации од Босна и Херцеговина и Македонија работат на меѓудржавна соработка.

„Посакувам како резултат на нашата соработка, граѓаните на двете земји да можат да ја преминуваат границата само со лични карти, и да се воведат поволни директни летови меѓу двете дестинации. Во иднина, можеме заедно да изнајдеме начини и средства за проекти за претпристапните фондови на Европската унија, рече градоначалникот Неџад Ајнаџиќ .

Градоначалник Богдановиќ, рече дека посетата е организирана со цел размена на искуства во решавањето на заедничките проблеми на граѓаните што ги имаат овие две општини. Ќе се користат позитивните искуства на нашиот заеднички пат кон Европската унија

„По потпишувањето договори за збратимување на Сараево и Скопје, што се случи пред неколку месеци, ние исто така би сакале да се воспостави оваа соработка на општинско ниво“, рече Богдановиќ.

„Ова е важен чекор напред во напорите што ги започнавме во последните три години за воспоставување соработка помеѓу БиХ и Македонија. Задоволство ми е да ја проширам оваа идеја на други институции од областа на културата, спортот и образованието. Сакам да покажам на овој начин дека Македонија го има истиот европски пат како и БиХ, рече Александар Крстевски од Амбасадата на Република Македонија во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик