Воспоставен целосен катастар на недвижности на територијата на Република Македонија

Од:

Република Македонија воспостави целосен катастар на недвижности. Вчера директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески го потпиша последното решение со што катастар на недвижности доби селото Драчево.

– Постапката за воспоставување катастар на недвижности во земјава е почната во 1986 година со донесување закон. Во 1988 година првпат е стапена на сила една катастарска општина во кривопаланечкиот регион и до 2005 година изнесува околу 40 проценти од целата територија, а сега веќе го заокружуваме со воспоставување на катастарот на недвижности, рече на денешната прес-конференција директорот Трпески.

Тој додаде дека со воспоставување на катастарот на недвижности паралелно може да се види голем тренд на пораст на предметите. Така, во 2007 година имало 389.000 примени предмети од кои 8.300 нерешени предмети, а во 2011 година го достигнува рекордот примајќи 1.160.000 предмети, а годинава заклучно со вчерашниот ден има примено 1.027.000 предмети. Вкупниот број нерешени предмети е 1.967.

– Она што беше традиција во Катастарот порано да се чека, веќе не е случај, иако има можности за подобрување. Така, во 2005 година бројот на нерешени предмети бил 21.990, а во 2010 година се извадија сите предмети од фиока и бројот на нерешени предмети достигна 4.814, а годинава тој број е 1.967, рече Трпески, додавајќи дека не е задоволен, дека може да биде подобро и оваа бројка да се сведе на пониско ниво. Кон забрзување на решавањето на предметите ќе доведе и планираните чекори за модернизација на Катастарот, пред се воведувањето на графиката и скенирањето на архивската граѓа.

Со растот на предметите во Катастарот, Трпески истакна дека расте и бројот на запишаните хипотеки, што е одраз и на државата и стопанството. – Во 2005 година имавме 2.920 хипотеки запишани, во 2012 имаме 10.433 хипотеки. Вредноста на запишаните хипотеки во 2007 година била 456 милиони евра, а во 2011 година 3.654 245.000 евра на запишани недвижности. Оваа година ја завршуваме со 5.000.462.000 евра запишани недвижности оптоварени со хипотеки, истакна директорот.
Тој информира дека во однос на интабулациите од Нова Година Агенцијата нема да ги води и граѓаните нема да имаат потреба да бараат потврда од катастарот, што ќе значи и олеснување и заштеда за граѓаните. Сите податоци за хипотеките ќе бидат објавени на веб страницата на Катастарот и во Службен весник.

Согласно Законот за катастар на недвижности, од 2008 година Агенцијата ја презеде надлежноста од судовите за водење на Интабулациските книги, а со измени на законот од 2012 година имаше обврска да изврши идентификација на интабулациските книги и тие да ги пренесе во имотните листови, а оние кои не можат да се идентификуваат да се објават на веб страницата на Агенцијата и да се објават во Службен весник на Македонија.

Директорот истакна дека вкупно од судовите се преземени 89.300, од кои 42.645 се пренесени во имотните листови, а 46.655 се непренесени и не се запишани. Апелираше до доверителите да ги погледнат податоците и да поведат постапки за регулирање.

Тој потенцира дека големиот број непренесени интабулации произлегуваат од тоа што банките многу лошо ги воделе.
Катастарот, како што информира на денешната прес конференција, изврши контрола на работата на геодетски фирми при што е констатирано неправилности кај 47 и им е изречена глоба, а на три им се одземени дозволите. Покрај геодетските фирми, Трпески појасни, дека контролата ги опфатила и одделенијата на катастарот по општините, при што против шестмина вработени има поднесено кривични пријави.
Во однос на запишување на легализираните дивоградби, директорот Трпески информира дека досега се впишани 25.000 дивоградби и апелираше до сите граѓани кои имаат легализирано објект да го впишат во Катастарот, бидејќи според евиденцијата на Министерството за транспорт и врски бројот на легализирани куќи е 35.000. Постапката се одвива во рок од 5 до 7 дена.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот