„Вонземјаните“ го пресликаа логото од штипска лабараторија

Од:

Чудниот знак во полето во Расадникот кај селото Таринци и денеска е топ тема меѓу штипјани. Измама, герила маркетинг или нешто друго сите се прашуваат.

Интерсно е дека на својата официјална веб страница соопштение објавиле и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во него се вели: – Додека медиумите дебатираа за потеклото на оваа појава, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип пак констатираше уште невообичаена коинциденција. Имено, формата која случајно или не е отсликана во штипското село е идентична со логото на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која функционира во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип“, напишале од универзитетот.

Засега од универзитетот се без коментар дали тие имат нешто со чудниот знак во полето, но велат дека отсликувањето на формата која е идентична со ова лого е интересна афирмација за Лабораторијата.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски